Чаби Алонсо проговори за неговиот однос со Винисиус

by riste
1 минути читање

Пред денешниот натпревар против Олимпијакос, тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше за неговиот однос со Винисиус Жуниор.

Често се пишува дека односот меѓу Винисиус и Алонсо не е најдобар и Бразилецот е еден од фудбалерите кои сакаат шпанскиот стратег да си оди од Реал Мадрид.

Но, Алонсо ги негира ваквите информации.

„Мојот однос со Вини е многу добар. Тој е клучен играч за нас и кога тој е среќен и се забавува, тоа секогаш е одлично за тимот“, вели Алонсо.

„Ние имаме меѓусебна доверба, зборуваме пред секој меч, тој знае што јас мислам, јас знам што тој мисли“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×