Естевао сонувал за настап во Реал Мадрид, но еве зошто не направил трансфер на „Бернабе“

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид беше еден од клубовите кои застана во редот за ангажман на талентираниот Естевао Вилиан, но „кралевите“ не можеа да му гарантираат минутажа, па младото момче се реши за проектот на Челси.

Естевао Вилиан имаше одлична партија против Барселона во Лигата на шампионите, и уште еднаш покажа зошто Челси инвестираше преку 60 милиони евра за негов ангажман.

Но Бразилецот можеше да има поинаква кариера, и да го следи патот на своите сонародници како Винисиус Жуниор, Родриго и Ендрик.

Како што пренесува Марка, Естевао сонувал за настап во белиот дрес на Реал, но „кралевите“ веќе имале неколку фудбалери на таа позција, па не можеле веднаш да му дадат главна улога.

Пакетот на Челси, комбиниран со милиони, амбиција и јасен спортски план на крајот бил пресуден, па популарниот „Месињо“ решил својата карира во Европа да ја гради во Лондон а не во Мадрид.

Барселона исто така беше еден од клубовите кои се обидоа да го ангажираат Ендрик, но „каталонците“ поради финансиската криза немаа пари да наддаваат со останатите.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×