Аморим по поразот од Евертон: Фрустриран сум…

by riste
1 минути читање

Манчестер јунајтед синоќа со играч повеќе загуби од Евертон на Олд Трафорд, па повторно тргнаа лавина критики кон тренерот и фудбалерите.

Рубен Аморим е многу разочаран од изданието на неговите фудбалери и се плаши дека ќе се врати чувството од минатата сезона кога резултатите беа очајни.

„Како да не знаевме како треба да играме против десет фудбалери. Евертон заслужи да го добие натпреварот и јас сум фрустриран“, рече Аморим.

„Не успеавме да ја разбереме ситуацијата, не знаевме како да одиграме кога бевме во близина на нивниот шеснаесетник“.

„Кога не сме на врвно ниво со нашиот интензитет тоа веднаш се гледа. Кога не сме на најдобро ниво, не можеме да победуваме важни натпревари“.

„Навистина сум фрустриран од начинот на кој го одигравме натпреварот, дома, пред полниот Олд Трафорд кој чекаше да истапиме…“.

„Требаше да ја разбереме ситуацијата со другите клубови гледајќи ја табелата и чуствувајќи дека можеме да се искачиме, но потоа начинот на кој го игравме овој натпревар од првата минута беше навистина фрустрирачки“.

„Изминатите недели кога сите ја фалеа нашата еволуција, јас ја велев истата работа, дека не сме блиску“.

„Се плашам да не го вратиме чувството од минатата сезона, тоа е мојот најголем страв. Мора да работиме многу подобро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×