Момците на Фабрегас играат фантастично, Комо го растури Торино на негов терен!

by riste
1 минути читање

Комо е најпријатното изненадување оваа сезона во Серија А, тимот предводен од Сеск Фабрегас денеска победи на гостувањето кај Торино со дури 5-1.

Комо игра креативно, офанзивно и со голема самодоверба против сите екипи во Серија А, тоа се виде и на денешниот натпревар.

Серијата погодоци ја отвори Адаи, но Влашиќ од пенал во судиското продолжение од првото полувреме го изедначи резултатот.

По само седум минути игра во вториот дел Адаи даде нов гол и го врати водството на Комо.

Рамон во 72. минута зголеми на 3-1, а шест минути подоцна гол постигна и најдобриот играч на Комо, Нико Паз.

Конечните 5-1 беа дело на Батурина за кого ова беше деби гол за Комо и општо во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×