Како што пренесува „Атлетик“, Винисиус Жуниор го известил Флорентино Перез дека нема намера да ја продолжи соработката со Реал Мадрид се додека има „затегнат“ однос со тренерот Чаби Алонсо.
За новиот договор на Винисиус Жуниор се пишува со месеци, се говореше дека Бразилецот побарал да има поголема плата од Килијан Мбапе, и тоа е една од причините зошто преговорите тапкаат во место.
Но како што пренесува „Атлетик“, сега се појавил нов проблем – Чаби Алонсо.
Како што пренесува весникот, на крајот од октомври бил одржан состанок, а Винисиус Жуниор го известил Флорентино Перез дека нема намера да стави потпис на нов договор се додека има „затегнат“ однос со тренерот.
Останува да се види дали двете страни ќе најдат заеднички јазик, сегашниот договор на Бразилецот е актуелен до јуни 2027 година.