Игра во петта лига и заработува 500 евра месечно, а ќе биде дел од Мундијалот наредното лето!

by Стефан
1 минути читање

Голманот на германскиот петолигаш Космос од Кобленц, Жозуе Дивержe, ќе биде учесник на Светското првенство во 2026 година, откако со репрезентацијата на Хаити приреди сензација и успеа да се пласира на собирот на најдобрите светски репрезентации.

Дваесет и петгодишниот чувар на мрежата, кој настапува во Оберлигата во Германија, стана човекот со една од најинтересните приказни во квалификациите. Од осмата позиција во петтото ниво на германскиот фудбал, каде брани за скромни 500 евра месечно, Диверже стигна до најголемата светска сцена, каде следното лето ќе настапи против најпознатите светски фудбалери.

Хаити со победата од 2:0 над Никарагва го потврди првото место во групата „Ц“ од квалификациите на КОНКАКАФ. И тоа во речиси невозможни услови, земјата со години се соочува со политичка нестабилност, растечко насилство и природни катастрофи.

Главниот град Порт-о-Пренс е под контрола на вооружени банди кои, според проценките, контролираат околу 85 проценти од градот. Националниот стадион, пак, уште во март 2024 година беше преземен од криминални групи.

Репрезентацијата на Хаити нема одиграно натпревар на домашен терен од јули 2021 година, кога беше убиен претседателот Жовенел Моиз. Оттогаш квалификациите ги игра најчесто во земји од соседството, последниот натпревар на домашен терен против Јамајка го играа на стадионот на Курсао кој исто така сее пласираше на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×