„Газета дело Спорт“ со сторија за Несторовски: Тој е душата на Палермо а дојде на мала врата за 500.000 евра

by
2 минути читање

Репрезентативецот
на Македонија, Илија Несторовски доби сторија во денешното издание на „Газета
дело Спорт“.

„Нестогол“ е прв стрелец
на „Сицилијанците“ и главниот играч зад напорот клубот експресно да се врати во
елитата, па розевиот весник од Милано имаше многу пофални зборови.

„Тој е главниот
лик во Палермо во 2017. Во него се крстеа дека ќе донесе опстанок, а сега дека
ќе ги врати во Серија А. Постигнува голови, бележи асистенции, даде ветување (и го
одржа) дека ќе остане да игра во Серија Б, и го продолжи договорот. Освен тоа
што испадна со Палермо, 2017 беше прилично успешна за Несторовски, кого сега го
чекаат нови предизвици во 2018. Доколку не пристигне некоја луда понуда во
јануари – и во овој момент се чини дека нема ништо такво на повидок – тој ќе
продолжи да биде симболот на Палермо
– вели сторијата на најпознатиот весник од Италија.

„Изминатава
година тој постигна 16 погодоци од кои 14 во дресот на Палермо (4 од јануари до
мај во Серија А, 10 во Серија Б) и два со репрезентацијата на Македонија.
Одлични бројки за играч кој пристигна на мала врата од Интер Запрешиќ за само
500.000 евра. Но со своите погодоци ги замолкна сите критичари и скептици.
Головите најмногу ги постигнуваше со левата нога (12 од 16) и секогаш од шеснаесетникот,
освен прекрасниот слободен удар против Ентела. Овој погодок веројатно беше и
неговиот најубав, перфектна егзекуција со која не му остави простор на голманот да
интервенира
.

„Покрај головите,
мора да се напомене и неговото однесување како прав капитен, кој се жртвуваше
за групата, со пример ги водеше соиграчите и ги охрабруваше кога работите не
одеа според планот
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани