Мурињо живееше во еден од најлуксузните хотели во Истанбул, неговиот наследник спие во тренинг центарот

by bojan
1 минути читање

Новиот тренер на Фенербахче, Доменико Тедеско открива дека првите пет недели живеел во тренинг центарот, имал мала соба со кревет, гардеробер ТВ и малецко купатило.

Овој месец се појави информација дека Жозе Мурињо го заглавил Фенербахче со долг од 750.000 евра, односно толку чинел неговиот престој во хотелот „Фор сизонс“, во еден од најлуксузните апартмани.

Неговиот наследник, Доменико Тедеско се решил за нешто поскромен пристап и пет недели живеел во тренинг центарот на Фенербахче.

„Првите пет недели ги поминав во тренинг центарот. Тоа беше неопходно. Имав мала соба со кревет, гардеробер, телевизор и малецко купатило“ – вели Тедеско.

„Почнував со работа во 7 часот наутро, и целиот ден беше исполнет со обврски – игри, тренинг и анализа“.

„Сообраќајот во Истанбул е ужасен, цела вечност патуваш до дома, па повеќе смисла имаше да останам и да спијам во тренинг центарот“.

Тој исто така вели дека неговиот стил многу поразличен од оној на „специјалниот“ кој често знаеше да направи скандал.

„Имам голема почит кон Мурињо, но мојот стил е многу поразличен. Посмирен сум и повнимателен во комуникацијата. Преферирам да работам со доверба, а не со конфликт“.

ФОТО: X/Fenerbahçe SK

Можно е и ова да ти се допаѓа

×