Курасао синоќа испиша и своја, но и светска историја откако избори пласман на Светското првенство.
Тие не смееа да загубат од Јамајка и успеаа во таа мисија, одиграа нерешено и останаа на првото место на табелата по последното коло во квалификациите.
Курасао за првпат во својата историја ќе игра на Светско првенство.
Тие се најмалата држава по бројот на жители што ќе настапи на Мундијал. Имаат околу 150.000 жители.
За каква селекција се работи, доволно зборува и фактот што на дресовите ги немаат презимињата на фудбалерите кои играат.
Секоја чест за малиот Курасао.
CURACAO BECOME THE SMALLEST TEAM TO EVER QUALIFY FOR THE WORLD CUP🤯🇨🇼😭
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) November 19, 2025
THEY DON’T EVEN HAVE NAMES ON THE BACK OF THEIR SHIRTS😂😂😂
INCREDIBLE😍😍😍 pic.twitter.com/cpVt5JKU05