Килијан Мбапе зборуваше за актуелната ситуација на Реал Мадрид, францускиот напаѓач е уверен дека на крајот од сезоната фудбалерите и навивачите на клубот ќе слават.
Во последно време во Шпанија се пишува дека Чаби Алонсо ги губи конците во соблекувалната на Реал Мадрид.
„Односот со Чаби Алонсо во соблекувалната на Реал Мадрид? Што сакате да ви кажам. Немам што да кажам“, рече Мбапе.
„Во Реал Мадрид кога не победуваш натпревари, луѓето многу зборуваат и ние не победивме на последните два. Одигравме многу лошо, но ќе се вратиме од паузата подготвени за да го победиме Елче“.
„Ние сме први во Ла Лига и сме меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите. Не е перфектно, но сите ние знаеме дека некои работи не функционираат на теренот, и кога е така во Реал Мадрид, луѓето зборуваат, зборуваат… Но, ние сме обединети да ги освоиме сите титули оваа сезона“.