Неверојатен момент: Млад пар се фотографираше и одеднаш зад нив се појави Меси (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, пред две вечери неочекувано се појави во Барселона и предизвика вистински хаос на социјалните мрежи откако наредниот ден ги објави фотографиитее на социјалните мрежи. Аргентинецот, заедно со своите пријатели, го посети „Камп Ноу“, стадионот на кој речиси две децении ја воодушевуваше фудбалската јавност, и упати емотивна порака полна со носталгија.

На социјалните мрежи денеска се појави и интересна снимка на која се гледа како млад пар безгрижно се фотографира на улиците на Барселона, кога покрај нив сосема опуштено поминува Меси. Момчето видно шокирано се врти кон него, додека Меси мирно продолжува по својот пат, како и секој нормален друг случаен минувач.

Во објава на Инстаграм, Меси призна дека Камп Ноу му недостига повеќе отколку што може да опише со зборови:

„Тоа е местото каде што бев неизмерно среќен, каде што ме натеравте да се чувствувам илјада пати најсреќен човек на светот. Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам таму, не само за да се простам како играч, како што никогаш не успеав…“

Интересно е што никој во Барселона и не знаел за посетата на Меси, Аргентинецот едноставно само се појавил пред стадионот и побарал од обезбедувањето да му дозволи да влезе (ТУКА).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×