Кога си Лео Меси не ти треба дозвола, обезбедувањето без никаков проблем го пуштиле на Камп Нoу

by bojan
1 минути читање

„Каталонците“ не знаеле за синоќешната посета на Лео Меси на Камп Ноу, Аргентинецот не ја известил Барселона за својата намера и сам се појавил пред стадионот, каде обезбедувањето без никаков проблем му дозволило влез.

Барселона вчера со 2-4 триумфираше на гостувањето во Виго, но утрово победата не беше главна вест, ниту пак трите гола на Роберт Левандовски.

Во фокусот се најде Лео Меси и неговата посета на Камп Ноу, пропратена со емотивна и интригантна порака на социјалните мрежи.

Напаѓачот го искористи собирот на Аргентина во Аликанте за да се врати на местото каде што се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Како што пренесуваат медиумите, во Барселона немале поим дека Лео Меси сака да го посети стадионот и дознале дури во понеделникот наутро.

Напаѓачот самиот решил да се појави пред стадионот, луѓето од обезбедувањето веднаш го препознале и кога си Лео Меси, не ти треба дозвола, па му ги отвориле вратите и му било дозволено да се прошета на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×