Мбапе го израмни рекордот на Роналдо, следниот викенд сака да го надмине

by 24 фудбал
1 минути читање

Килиан Мбапе продолжува со неверојатната голгетерска серија во дресот на Реал Мадрид.

Францускиот ас со двата погодоци против Валенсија стигна до учинок од осум натпревари по ред со постигнат гол, со што го израмни рекордот што во минатото го постави Кристијано Роналдо. Разликата е што Португалецот во тој период реализираше дури 19 пати, додека Мбапе има десет погодоци.

Нов рекорд би можел да следи веќе идниот викенд ако Мбапе се запише во листата на стрелци и против Рајо Ваљекано.

Откако пристигна во Реал Мадрид, светскиот првак од 2018 година одигра 73 натпревари и има импресивен биланс од 62 гола и седум асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×