Комо осум меча е без пораз, го преживеа и гостувањето кај Наполи! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Наполи и Комо одиграа мирен дуел без голови, 0-0, во рамките на десеттото коло од италијанската Серија А. Гостите на Цеск Фабрегас продолжија со импресивната серија без пораз и однесеа вреден бод од „Диего Армандо Марадона“.

Комо уште на почетокот се соочи со проблеми, откако Марк Оливер Кемпф го напушти теренот поради повреда. Сепак, тимот доби идеална шанса да поведе преку пенал, но Алваро Мората не успеа да го совлада Вања Милинковиќ Савиќ, кој маестрално го одбрани неговиот удар.

Во финишот од првото полувреме и Наполи претрпе удар, бидејќи Били Гилмур се повреди, а на негово место во игра влезе Ељиф Елмас. Македонскиот репрезентативец го одигра целиот остаток од мечот и доби жолт картон во вториот дел.

И покрај неколкуте обиди од двете страни, мрежите останаа незатресени. Со ова реми Наполи ризикува да го загуби врвот на табелата, иако засега останува прв со 22 бодови. Комо пак со новиот бод се искачи на петтата позиција со вкупно 17 освоени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×