Патрик Виера доби отказ во Серија А!

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Џенова објави дека се разделува со Патрик Виера, откако легендарниот Французин не успеа да го прекине слабиот старт на сезоната.

По девет кола во Серија А, Џенова се наоѓа на дното на табелата без ниту една победа, со само три освоени бода од нерешени средби.

Виера седна на клупата на Џенова во ноември 2024 година, но по серија од пет натпревари без триумф во сите натпреварувања, раководството реши дека е време за промена.

Последната капка што ја прели чашата беше неуспехот пред својата публика против Кремонезе, по што клубот му врачи отказ на поранешниот капитен на Арсенал.

Во следното коло, Џенова ќе се обиде да ја прекине црната серија на гостувањето кај Сасуоло, во понеделник со почеток во 18:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×