Критика за Винисиус: Неприфатливо и егоцентрично е да се извиниш, а да не го спомнеш тренерот!

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Габи вели дека однесувањето на Винисиус Жуниор на „Ел Класико“ е срамно, а смета дека и извинувањето кое го даде Бразилецот е неприфатливо со оглед на тоа дека тренерот Чаби Алонсо не беше спомнат.

Винисиус Жуниор направи скандал на пресметката помеѓу Реал Мадрид и Барселона, реагираше бурно кога беше повлечен од игра и се упати право во соблекувална, и само по интервенција на едно лице од тренерскиот персонал, се врати на клупата за резерви и го догледа натпреварот од крај аут линијата.

Бразилецот вчера се извини, но во неговото соопштение беа спомнати сите – навивачи, соиграчи, клуб и претседател, но не и тренерот Чаби Алонсо.

Целата ситуација сега ја коментираше Габи, поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид смета дека ова е неприфатливо.

„Винисиус секојдневно ги тестира сите околу себе. За мене, ова беше очекувано, а оној што треба да преземе мерки е тренерот. Најмногу што мразам во фудбалот и кај фудбалерите се тие гестови, театарски изведби пред очите на целата јавност… Зад затворени врати, може да прави што сака“ – вели Гави, кој до неодамна беше тренер на Сарагоса.

Тој потоа додаде: „Очигледно, штом ќе заврши натпреварот треба да седнете и да разговарате. Не можете да дозволите ова да помине така“.

„Исто така, извинувањето што го даде, за мене е неприфатливо и егоцентрично да се извиниш, а да не го спомнеш тренерот!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×