Лучано Спалети и официјално стана тренер на Јувентус кој е најголем ривал на Наполитанците.
Спалети со Наполи го освои Скудетото, а откако го направи тоа си стави и голема тетоважа на раката од наполитанскиот клуб. Но тоа не е се.
Тој тогаш рече: „Наполи е мое последно клупско искуство. Никогаш не би можел да водам друг тим во Италија“.
Сепак две години подоцна, Спалети повторно ќе работи во клупскиот фудбал и тоа во најголемиот ривал на Наполи, Јувентус.
Се чини дека ќе треба да работи на долги ракави, да ја покрие тетоважата од Наполитанците, бидејќи навивачите на Јуве нема да бидат среќни да ја гледаат.

Дебито на Спалети е утре против Кремонезе, е со нетрпение се чека дуелот на 7 декември кога со Јувентус ќе гостува во Неапол.