„Старата дама“ вечерва го потврди Лучано Спалети за нов тренер, стратегот доби договор до крајот на сезоната.
Лучано Спалети ќе го наследи Игор Тудор на кормилото на Јувентус, откако беа комплетирани сите формалности, вечерва пристигна и официјалното соопштение.
„Лучано Спалети е нов тренер на Јувентус, стави потпис на договор со трајност до 30. јуни 2026 година“ – гласеше известувањето на „старата дама“.
Во моментов нејасно е каква клаузула има стратегот во договорот, односно дали автоматски ќе биде продолжена соработката доколку биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.
Се верува дека има само опција, па „старата дама“ по крајот на сезоната ќе пресече дали сака долгорочна соработка, или ќе следи разделба.