Ефикасна вечер во Лига купот: Арсенал, Манчестер сити и Челси до четвртфинале! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

За разлика од Ливерпул кој доживеа елиминација од Кристал палас, Арсенал, Манчестер сити и Челси не дозволија изненадување, а пласман во следната рунда обезбеди и Њукасл.

Манчестер сити не тргна добраа и во 12. минута Свонси прв дојде до водство преку Франко кој постигна убав гол со удар од далечина. Избраниците на Пеп се вратја во 39. минута кога Доку се запиша во листата на стрелци и израмни на 1-1.

Победата за „граѓаните“ ја обезбеди Мармуш на десетина минути пред крајот на натпреварот.

Арсенал без поголеми прблеми на свој терен го елиминираше Брајтон, а двата гола за „топџиите“ ги постигнаа Нванвери и Сака во второто полувреме.

Челси поголемата работата против Вулвс ја заврши во првото полувреме (4-3) кога „сините“ постигнаа три гола преку Андре Сантос, Тајрик  Џорџ и Естевао.

Вулвс во вториот дел тргна по се или ништо и малку недостасуваше да се врати во натпреварот. Арокадар и Волф се погрижија за 3-2, но тоа беше се што направија. Делап во финишот заработи црвен картон, но и така Челси постигна нов гол преку Гитенс во самата завршница, додека конечниот резултат го постави Волф во судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×