Во Барселона се загрижени од однесувањето на Јамал, добил и забрана за давање интервјуа

by riste
1 минути читање

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал не е истиот играч од лани, а од таборот на каталонскиот клуб стравуваат да не тргне по погрешен пат и да не го исполни целиот потенцијал кој го има.

Јамал сруши многу рекорди и се промовираше како вонсериски талент кој може да ги надмине дури и Роналдо и Меси. Но, ваквите прогнозите сега се помалку ги има.

Почнувајќи од летото, Јамал постојано го пратат контроверзни моменти, особено надвор од фудбалските терени.

Последно беше неговата изјава пред Ел Класико во која рече дека Реал Мадрид краде и се жали, тоа го навлече гневот во противничкиот табор, ја зголеми нивната мотивација пред дербито, а кулминацијата се случи со инцидент по последниот судиски свиреж.

Информациите од Шпанија велат дека Барселона по ова му забранила на Јамал да дава интервјуа извесен период. Дури и морал да откаже едно интервју кое требало да се случи деновиве.

„Ел Национал“ пишува дека фудбалери на Барселона се загрижени поради однесувањето на Јамал кое може да го однесе по погрешен пат.

Младата ѕвезда на Барса после инстант славата која ја доби наместо да остана цврсто на земја и да продолжи да работи напорно, тој се крена во облаци, а тоа може да му донесе пад.

Јамал не е во формата во која беше лани, проблем се и повредите кои ги имаше. Останува да се види како ќе се развива вонсерискиот талент на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×