Реал Мадрид излезе како победник од големото „Ел Класико“ со 2-1, но по последниот судиски свиреж дербито доби продолжение надвор од фудбалските рамки. На теренот се создаде вистински метеж во кој главните актери беа Ламин Јамал и Винисиус Жуниор.
Младиот ас на Барселона пред натпреварот испрати неколку провокативни пораки кон „кралевите“ што дополнително го подгреа ривалството. Реал одговори на терен со триумф, а веднаш по мечот ситуацијата се разжешти уште повеќе.
На социјалните мрежи се појавија снимки и детали од расправијата меѓу двајцата фудбалери. Според информациите, Јамал му се обратил на Винисиус со зборовите: „Ајде, дојди да се тепаме“, на што Бразилецот се согласил.
Инцидентот брзо беше спречен од соиграчите и официјалните лица, но очигледно е дека тензиите меѓу двата клуба продолжуваат да растат и по последниот свиреж.