Торес го „пецнал“ Винисиус: Што е работава, веќе не шутираш пенали? (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Пресметката помеѓу лутите ривали Реал Мадрид и Барселона донесе многу провокации, а во една од нив, Феран Торес се мајтапи со Винисиус Жуниор дека го загубил статусот на прва ѕвезда по пристигнувањето на Килијан Мбапе.

И два дена по крајот на „Ел класико“, медиумите од Шпанија пишуваат за случувањата на теренот.

Контроверзната изјава на Ламин Јамал дека Реал Мадрид „плаче и краде“ дополнително ги вжешти страстите, па имаше многу провокации, дел од нив не беа забележани во преносот во живо.

Кога Килијан Мбапе се подготвуваше да го изведе пеналот, камерите го уловија Феран Торес како го „пецка“ Килијан Мбапе.

„Што е работава, веќе не шутираш пенали?“ – го праша фудбалерот на Барса својот противник од Реал Мадрид.

Бразилецот, кој го загуби статусот на прва ѕвезда по пристигнувањето на Французинот, не наседна на провокацијата, и со насмевка на лицето одговори: „Гајле ми е, Килијан сега ги шутира“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×