182
Серијата лоши резултати му пресудија на Игор Тудор, чашата ја прели синоќешниот пораз од Лацио, раководството на Јувентус се реши за тренерска промена.
Јувентус осум меча во сите натпреварувања не знае за победа, а на последните три забележа исто толку порази.
Клубот не гледаше излез од кризата, па реши да се раздели со Игор Тудор. Хрватскиот стратег денеска доби отказ.
Според некои италијански медиуми, Рафаеле Падалино би требало да биде нов тренер. Веројатно би потпишал договор до јуни со опција за продолжување.