Сандерленд го шокираше Челси во 93. минута за прва победа на „Стемфорд“ по една декада (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Сандерленд скокна на втората позиција на табелата откако попладнево славеше на гостувањето кај Челси, популарните „црни мачки“ со голот на Талби во 93. минута стигнаа до триумф од 1-2.

Сандерленд приреди големо изненадување во 9. коло во Премиерлигата, успеа да го совлада Челси во Лондон.

„Сините“ одлично го отворија натпреварот и повеќе по само четири минути игра, Гарначо погоди за 1-0.

Сепак, Сандерленд не се предаде и преку Исидор изедначи на 1-1 во 22. минута. „Црните мачки“ потоа одолеваа и во 93. минута го шокираа фаворитот, по една контра, Талби погоди за 1-2 и големо славје.

Оваа победа беше прва за Сандерленд на „Стемфорд Бриџ“ по 2014 година, а со новите три бода, момците на Ле Бри скокнаа на второто место на табелата.

На вториот натпревар од 16 часот во Премиерлигата, Њукасл исто така со гол во финишот стигна до победа над Фулам.

Херој на домаќините беше Бруно Гимараеш, кој една одбиена топка ја смести во мрежата во 89. минута за 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×