Ламин Јамал креираше огромна контроверзија пред „Ел Класико“, со една изјава го разбесни Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал креираше огромна контроверзија пред дербито со Реал Мадрид, ги обвини „кралевите“ дека крадат и дека се жалат цело време.

Реал Мадрид во недела ја пречека Барселона на „Бернабеу“, а во пресрет на првото „Ел Класико“ оваа сезона, Ламин Јамал креираше огромна контроверзија.

Младата ѕвезда на „каталонците“ гостуваше во емисијата на Ибаи Љанос посветена на „Кралската лига“ во мал фудбал, и беше запрашан да каже кои се сличностите помеѓу Порсинос (тимот на Иба Љанос) и Реал Мадрид.

„Крадат, постојано се жалат…“ – кажа Ламин Јамал без многу двоумење.

Ибаи Љанос, кој е голем навивач на Реал Мадрид, беше зачуден од коментарот на напаѓачот.

Секако, изјавата ги налути и фановите на Реал Мадрид, но и луѓето блиску до „кралевите“ кои сметаат дека нема простор за вакви изјава, па дури и повикуваат да се покрене дисциплинска постапка против Ламин Јамал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×