165
Напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокереш беше двоен стрелец на вчерашниот дерби натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Ѓокереш немаше импресивен старт на кариерата во Арсенал, но Швеѓанецот се надева дека работите ќе се променат наскоро. Вчерашниот натпревар му дава дополнителна самодоверба.
„Поддршката од моите соиграчи ми значи многу, тие се неверојатни“, вели Ѓокереш.
„Мислам дека тимот кој го имаме и духот кој владее е нешто понакво, нешто многу посебно“.
„Сега сум уште погладен за успех“.