На повидок историски трансфер: Гигантите во трка за тинејџерот на Звезда!

by Стефан
1 минути читање

Младиот фудбалер на Црвена Звезда, Василије Костов, се наоѓа пред трансфер кој би можел да влезе во историјата на клубо, вреден околу 20 милиони евра.

Српскиот шампион во последните години оствари неколку големи продажби, а минатото лето го постави актуелниот рекорд со трансферот на Вељко Милосављевиќ, кој донесе 14,5 милиони евра во клупската каса.

Сепак, тој рекорд би можел наскоро да биде срушен, бидејќи бројни европски клубови покажале сериозен интерес за 17-годишниот офанзивец. Според медиумите, веќе се очекуваат конкретни понуди во вредност од најмалку 20 милиони евра.

Меѓу најзаинтересираните екипи за потписот на талентираниот Костов се споменуваат гиганти како Борусија Дортмунд, Манчестер сити и Барселона.

Костов оваа сезона одигра 12 натпревари за првиот тим на Звезда и во нв постигна четири гола и подели пет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×