Македонскиот бомбардер
Адис Јаховиќ е топ тема низ турските медиуми, 30 годишниот напаѓач игра во
животна форма и со 13 погодоци во Суперлигата на Турција е втор стрелец во
шампионатот.
Со оглед на тоа што
неговиот актуелен важечки договор со клубот истекува идното лето, тој во
јануарскиот преоден рок ќе има можност да преговара и со други клубови, а
понуда од тимот од Измир е познато дека веќе има, за што потврди и
претседателот на Гезтепе, Мехмет Сепил, кој издвои дека засега нема официјална
понуда до клубот за услугите на Македонецот.
„Се уште нема официјални
понуди пристигнати до нас како клуб за Јаховиќ, ние сме во разговори со него,
тој веќе има понуда од нас за продолжување на соработката и убеден сум дека ќе
остане во Гезтепе во следните години“ истакна Сепил.
Извор: posta.com.tr