Канадскиот бек од Баерн пак е повреден и го чека нова пауза!

by 24 фудбал
1 минути читање

Винсент Компани откри дека Баерн Минхен и во следниот период ќе биде без еден од најдобрите играчи. Станува збор за новата повреда на бекот Алфонсо Дејвис, кој ќе ги пропушти мечевите до крајот на годината, а неговото враќање на терените се очекува на средината на месец јануари.

Канадскиот репрезентативец мака мачи со честите повреди, a Компани се надева дека медицинскиот тим ќе даде максимум за да го оспособи фудбалерот за остатокот од сезоната.

Нашите лекари работат одлично и се трудат да го вратат Алфонсо што побргу во тимот. Се надевав дека ќе го имаме на располагање на средината на јануари, но враќањето може да се случи и порано. Многу нешта ќе зависат од процесот на рехабилитација, па затоа нема да брзаме со кам-бекот и ќе чекаме потполно да заздрави од повредата. Ако успее да се врати во декември, тоа ќе биде голем успех за сите нас“, рече Компани.

Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата, а во следното коло ќе се соочи во мега-дербито против Борусија Дортмунд. Овој натпревар е закажан за 18 октомври во 18:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×