Екс-репрезентативец: Не заминав во Дубаи за пари, заработувам 2.000 евра месечно – туку не сакав децата да ми растат во Англија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот англиски репрезентативец Џонџо Шелви се пресели во Дубаи и заигра за Арабиан Фалконс во Втората лига на Обединетите Арапски Емирати.

Како и сите, така и за Шелви се зборуваше дека се преселил на Блискиот Исток поради пари. Сепак, во последното свое интервју тој го демантира тоа, откри колку заработува и вистинската причина за заминување од Англија.

Не дојдов во Дубаи поради парите. Нема пари во Втората лига на Обединетите Арапски Емирати, стандардната плата е 2.000 фунти месечно, а тоа не се споредува со она што го заработував низ кариерата. Мојот брат кој работи во хотел во Лондон заработува повеќе.

Јас не дојдов тука за да печалам пари, туку за да уживам во животот. Се будам, играм фудбал и уживам со семејството. Да бидам искрен, не сакав децата да ми растат во модерната Англија. Не сакам да следам политика, ама сега работите се сменети. Гледам дека луѓето се апсат поради твитови, лажен патриотизам… Нема да седам тука и да коментирам за ситуацијата, ама само ќе кажам дека Обединетото Кралство не е истото место кое беше пред 10 или 15 години“, изјави Шелви.

33-годишниот Џонџо Шелви беше дел од Њукасл, Нотингем, Свонси, Ливерпул, Чарлтон, Блекпул, Ризеспор, Ејупспор и последно Барнли. Исто така во својата кариера запиша и шест настапи за репрезентацијата на Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×