Според Ибра има двајца фудбалери подобри од Меси во историјата!

by riste
1 минути читање

За Златан Ибрахимовиќ, Лионел Меси е трет на листата на најдобри во историјата, а Кристијано Роналдо не е ниту во топ три.

Честа е дебатата кој е најдобар фудбалер на сите времиња, обично дилемата е меѓу Лео МЕси и Кристијано Роналдо, но Ибрахимовиќ размислува поинаку.

Според Ибра, пред Меси се Роналдо Назарио и Диего Марадона.

„За трето место ќе кажам дека е Меси. Не знам дали му остана уште нешто за освојување. Втората позиција ќе му ја дадам на Марадона. За мене тој беше вистинскиот. Се работеше со срце, со емоција. Според мене, Роналдо, феноменот, Бразилецот е најдобар, тој беше фудбал. Кога гледате одредени играчи, ден подоцна се обидувате да ги имитирате“, вели Ибра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×