Казахстан дојде во Скопје со цел да се докажува дека не е селекција која треба да се потцени и тоа го направи. Со болно за нас реми (1-1) извлече бод против непоразената Македонија во квалификациите за Светското првенство.
Привремениот селектор Талгат Бајсуфинов беше презадоволен на прес-конференцијата по натпреварот. Тој нагласи дека знаел точно како да „ја повреди“ Македонија.
„Задоволен сум од играта на Казахстан и начинот на подготовка. Во првиот дел го видов тоа што го очекував, изгледавме многу подобро од минаите натпревари. Знаевме дека можеме да ја запреме Македонија со висок пресинг. Потоа во второто полувреме малку се подраспаднавме на теренот, меѓутоа на крајот освоивме бод. Сметам дека ова е патот по кој треба да се движиме и во иднина“, изјави Бајсуфинов.