Легендата на холандскиот и светскиот фудбал, Марко Ван Бастен е згрозен од одлуката Виљареал и Барселона да одиграат натпревар од Ла Лига во Мајами, САД.
УЕФА синоќа и официјално им дозволи на Виљареал и Барселона наместо во Шпанија да го одиграат својот меч во Мајами.
Тоа ќе биде прв натпревар од домашно првенство кој поради комерцијални причини ќе се одигра надвор од земјата каде што одржува шампионатот.
Многумина се разочарани од таквата одлука од повеќе причини, а сите сметаат дека со тоа се уништува интегритетот на фудбалската игра.
Меѓу оние кои јавно го кренаа гласот е Марко Ван Бастен.
„Зошто по ѓаволите Виљареал и Барселона играат во САД? Што правиме ние? Дали ова е некое комично шоу“, вели Холанѓанецот.
„Тоа е навистина смено. И патем е измама исто така!. За мене ова значи целосен банкрот на Ла Лига. УЕФА мора да спречи да се случи ова“.
Според многумина одигрување на ваков натпревар ја доведува во прашање и регуларноста на лигата со оглед на тоа што Барселона наместо да има тешко гостување кај Виљареал во Шпанија, тие ќе играат како „гости“ во САД каде што сигурно ќе имаат повеќе навивачи од противникот и ќе се чувствуваат како на домашен терен.