Навивачите на социјалните мрежи не престануваат да коментираат за изгледот на мајката на младиот голман кој дебитираше во Лигата на шампионите, Шерхан Калмурза.
Младиот чувар на мрежата на Каират Алмати минатата недела се соочи со европскиот гигант Реал Мадрид и прими пет гола. Иако казахстанскиот клуб доживеа тежок пораз од 15-кратниот европски првак, Калмурза имаше причина за гордост и своите најблиски направи вистински горди со многуте интервенции. Само една недела подоцна, тој повторно е во центарот на вниманието, но од сосема неочекувана причина.
Неговата мајка, Сауле Рабаева, со голема гордост го следеше настапот на својот син против еден од најдобрите тимови во светот и му упати емотивна порака на социјалните мрежи. Рабаева, инаку, е вистинска инфлуенсерка со речиси 40.000 следбеници на Инстаграм, а нејзиниот изглед предизвика лавина од коментари на интернет. Мајката на фудбалерот е млада, а на социјалните мрежи се шегуваат дека има дваесетина години.