Манчестер сити не блескаше, но го победи Брентфорд (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити иако не блескаше денеска против Брентфорд сепак успеа да слави победа со резултат 0-1.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи уште во 9-тата минута кога Ерлинг Халанд се запиша во листата на стрелци.

Набрзо по голот, видовме и ситуација која сигурно го загрижи Пеп Гвардиола. Еден од најважните фудбалери во неговиот тим, Шпанецот Родри во 22-та минута мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Засега нема информации, но по неговиот израз на лицето може да се претпостави дека не станува збор за наивна повреда.

Во продолжение, посебно во второто полувреме речиси и да не се случи ништо на теренот. Како играше Манчестер сити во вториот дел најдобро покажува податокот дека не упати ниту еден удар во рамките од голот на Брентфорд. Сепак, на крајот за гигантот од Манчестер најважно е што ги освои трите бода и дојде до 13 со кои се наоѓа на петтата позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×