Реал останува лидер, Севиља на свој терен ѝ одржа лекција на Барселона! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид ќе остане на врвот во Ла Лига по осмото коло откако денеска Барселона претрпе пораз на гостувањето кај Севиља со 4-1.

Проблемите за Барселона денеска на „Рамон Санчез Писхуан“ започнаа веќе во 13-тата мнута кога Санчез од пенал го отвори резултатот.

Во продолжение се играше 36. минута од средбата кога Ромеро го постигна вториот гол за Севиља за водство од 2-0. Барселона успеа да се врати живот во последните секунди од првото полувреме кога Рашфорд потигна нов гол.

Во второто полувреме Барселона тргна по израмнување, но најголемата прилика ја пропушти Роберт Леванддовски. Аднан Јанузај само што влезе во игра во 73. минута 40 секунди подоцна направи пенал. Сепак, полскиот голгетер лошо шутираше и неговиот удар заврши покрај голот.

Кога Барселона пропушти и уште неколку добри прилики во самата завршница следуваше казната, прво Кармона во 90-тата минута Кармона се погрижи за 3-1, а точка на натпреварот стави Адамс во 96.

За Барселона ова прв пораз на гости кај Севиља по десет години, Реал останува на врвот со 21 бод, Барселона има 19, додека Севиља со денешните три доаѓа до 13.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×