Критики пристигнуваат од сите страни, но Аморим порача дека нема намера да промени една работа

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим очигледно не планира да го промени системот, односно формацијата 3-4-3 (3-4-2-1) и вели дека ако нешто не чини, нема да чини секој викенд.

Рубен Аморим може да се пофали со само 34 бода од 33 натпревари во Премиерлигата, премалку за еден тренер на Манчестер јунајтед, па критики пристигнуваат од сите страни.

На стратегот најмногу му се забележува за системот, односно формацијата 3-4-3, која може да варира во 3-4-2-1.

Но и покрај сите замерки и од поранешните легенди на „ѓаволите“, Рубен Аморим очигледно не планира да направи промена.

„Нормално е тоа што добивам критики, не можеме да се криеме од резултатите. Плус на глава ми висат и резултатите од минатата сезона“ – вели Португалецот.

„Но според мене, минатата сезона и како да не постои. Одигравме шест натпревари оваа сезона, и загубивме на три. И ако ги погледнеме овие три порази, дали загубивме од Арсенал поради системот? Против Манчестер Сити и Брентфорд, головите кои ги примивме немаа врска со системот“:

„Не можете да кажете дека нешто не функционира кога функционира еден викенд. Ако нешто не чини, нема да чини секој викенд“.

„Едноставно треба да ги правиме истите работи, на ист начин секој ден“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×