Аморим нема да добие отказ дури и да загуби од Сандерленд, Сер Џим Ратклиф има други планови

by bojan
1 минути читање

Рубен Аморим е под голем притисок, многумина очекуваат стратегот да добие отказ доколку Манчестер јунајтед загуби од Сандерленд, но последните информации велат дека Португалецот ја има довербата на Сер Џим Ратклиф.

„Ѓаволите“ се очајни под водство на Рубен Аморим, имаат дури 17 порази на 33 натпревари во Премиерлигата, и никако да врзат две победи во најсилното првенство на Англија.

Притисокот врз Рубен Аморим е огромен, многумина очекуваат стратегот да добие отказ доколку не испорача резултат против Сандерленд.

Но како што објави новинарот Лори Витвел, најверојатно ништо нема да се случи дури и Манчестер јунатед да загуби.

„Сер Џим Ратклиф е тој што ќе одлучи, и ми беше кажано дека тој сака да му даде една цела сезона на Аморим“ – вели новинарот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×