Легендарниот Алан Ширер не ја разбира тврдоглавоста на Рубен Аморим да ја форсира формацијата 3-4-2-1, а дополнително е збунет од тоа што често ги меша позициите на фудбалерите.
Рубен Аморим е под голем притисок, Португалецот се уште нема врзано две победи во Премиерлигата, поразот од 3-1 против Брентфорд придонесе брзо да биде заборавен триумфот на Челси од минатиот викенд.
Најголемиот дел од критиките се за формацијата која тој ја форсира односно системот 3-4-2-1, а Алан Ширер смета дека дополнителен проблем е тоа што често се мешаат позициите на фудбалерите.
„Алармантно е тоа што го прави, ги меша играчите како фигури на табла“ – вели Алан Ширер.
„Кога почна да ги прави земените, дефанзивецот што играше десно во линијата од три, го помести во средината, а тој што играше во средината, го помести лево“.
„Потоа Брајан Мбеумо играше како десен бек/крило. Потоа во игра влезе Мејсон Маунт како 10-ка и на оваа позиција играше четири-пет минути. Шанса потоа доби Џошуа Зиркзе, па Мејсон Маунт стана лев бек/крило“.
„Почнав да се прашувам, „Боже, што ли се случува тука?“ Навистина неверојатно“.
Ширер потоа додаде: „Брентфорд имаше јасен план. Аморим беше надмудрен од Кит Ендрјус“.
„Навистина не разбирам зошто ја форсира формацијата, мислам дека ќе му биде пропаст, бидејќи очигледно нема намера да пропушти. Тој е во право, а сите други грешат, нели?“