Беласица го реши Тетекс и се израмни на врвото со Брегалница

by Стефан
0 минути читање

Eкипата на Беласица продолжи со одличните настапи од почетокот на првенството и во единствениот натпревар денеска од шестото коло славеше победа над Тетекс со 0-1.

Одлучувачкиот момент на наатпреварот се случи уште во почетните минути кога Бојан Спиркоски ја погоди мрежата на тетовскиот состав.

Во продолжение натпреварот помина со повеќе игра на средината од теренот и со малку шанси.

На табелата со овие три бода Беласица се израмни со Брегалница со по 16, потоа следи Шкендија Арачиново со 14,  Кожуф има 12…Тоа се и четирите екипи од второлигашката конкуренција кои се уште не знаат за пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×