Чаби Алонсо остана без десен бек, а во Казахстан ќе мора и со крпена одбрана

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид остана без десен бек откако Дани Карвахал заработи повреда на вчерашното дерби со Атлетико Мадрид и ќе паузира еден месец, Чаби Алонсо ќе мора и со крпена одбрана против Каират Алмати во Лигата на шампиони со оглед на тоа дека од комбинација отпадна и Едер Милитао.

„Кралевите“ ќе мора да се снаоѓаат без десен бек во следниот период, повредата на Дани Карвахал не е наивна.

Шпанецот синоќа беше нагазнат од Нико Гонзалез во финишот на првиот дел, продолжи да игра, но мораше да го напушти теренот по еден час.

Деталните тестови покажаа оштетување на листот на десната нога па Дани Карвахал го чека пауза од четири до пет недели.

Се очекува тој да ги пропушти натпреварите против Каират Алмати, Виљареал, Хетафе и Јувентус, а ќе биде и под голем знак прашалник за „Ел класико“ пресметката против Барселона на 26. Октомври.

Трент Александер Арнолд се очекува да се врати дури во ноември месец, па Чаби Алонсо ќе мора да импровизира на позицијата десен бек.

За дуелот со Каират Алмати тој дополнително останува и без Едер Милитао, кој исто така се пожали на повреда против Атлетико Мадрид и беше заменет на полувремето.

Па за гостувањето во Казахстан, Чаби Алонсо ќе може да смета само на Давид Хименез, Дин Хујсен, Раул Асенсио, Давид Алаба, Алваро Карерас и Фран Гарсија.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×