„Франс Фудбал“ ги објави поените во битката за „Златната топка“: Јамал бил далеку од Дембеле (ФОТО)

by Стефан
0 минути читање

Напаѓаачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле на церемонијата во Париз неодамна ја освои својата прва „Златна топка“, а денеска „Франс Фудбал“  ги објави и поените на најдобрте.

Иако, Ламин Јамал до последен момент важеше за главен конкурент на Французинот, сепак поените покажуваат дека Дембеле на крајот победил убедливо.

Имено,  Дембеле во гласањето собрал дури 1.380 поени, додека Јамал на втората позиција имал 1.059. Зад нив следи уште еден фудбалер на ПСЖ, Витиња со 703 поени, а топ 5 ги затвораат Салах со 657 и Рафиња со 620.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×