Екитике даде гол, го соблече дресот па доби втор жолт – Ливерпул сепак победи! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ливерпул со 2-1 го победи Саутемптон во Лига Купот благодарение на гол на Екитике во финишот, но напаѓачот на црвените поради глупост го остави својот тим со играч помалку во финишот.

Ливерпул дојде во водство со гол на Исак во 43. минута. Тоа беше негов прв погодок во црвениот дрес.

Саутемптон изедначи во 76. минута со погодко на Чарлс, беше 1-1.

Во 58. минута по асистенција од Киеза, Екитике даде гол за 2-1. При радувањето го соблече дресот и покрај тоа што веќе имаше жолт картон.

Судијата му покажа и втор жолт, по што Ливерпул до крајот на мечот остана со фудбалер помалку. Сепак издржаа до крај и победија.

Најубедлив беше Брајтон кој со 6-0 славеше на гостувањето кај Барнсли, Челси со пресврт победи со 2-1 кај Линколн, Вулвс со 2-0 го совлада Евертон.

Рексам со 2-0 го победи Редеинг, Викомб дојде до гостински триумф од 2-0 кај Викомб, Фулам со 1-0 го совлада Кембриџ, а Кардиф со 2-1 беше подобар од Барнли на негов терен, тоа е и најголемото изненадување денеска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×