Немаше дилеми: Енрике е најдобар тренер во светот! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Со освоената тројна круна, втора во неговата кариера и со пласман во финалето на Светското клупско првенство, Луис Енрике ја доби престижната награда за најдобар тренер во 2025 година на вечерното доделување на „Златната топка“.

Шпанскиот стратег не можеше лично да ја подигне статуетката, бидејќи неговиот ПСЖ вечерва игра дерби со Марсеј, но преку видео-порака испрати зборови на благодарност.

„Голема чест е да се добие вакво признание, но за мене највредна е поддршката од навивачите. Сакам да им честитам на сите кои вечерва ќе бидат наградени“, изјави Енрике.

Ова не е првпат тој да биде признат за најдобар, претходно ова признание го освои и во 2015 година. Кај дамите, наградата за најдобар тренер ја доби селекторката на Англија, Сара Вејман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×