ПСЖ ќе ја бојкотира церемонијата, дали Ламин Јамал ја добва Златната топка!?

by riste
1 минути читање

Усман Дембеле и Ламин Јамал беа главните кандидати за престижната Златна Топка, последните информации велат дека фудбалерот на Барселона ќе ја добие.

Наводно, фудбалерите и стручниот штаб на ПСЖ нема да бидат на вечерашната церемонија за доделување на Златната топка, решиле да ја бојкотираат.

За разлика од нив, Ламин Јамал ќе пристигне со поголем дел од својата фамилија.

Ваквиот развој на настаните наговестува дека фудбалерот на Барселона победил во трката по Златната топка.

Од претходно се знаеше дека и Реал Мадрид ја бојкотира церемонијата, па вечерва нема да бидат присутни претставници и од овој клуб.

Останува вечерва да биде потврдено дали ваквите гласини се точни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×