Пеп Гвардиола вели дека е задоволен од натпреварот против Арсенал иако Манчестер Сити во судиското продолжение загуби два бода кога Арсенал израмни преку Мартинели.
Пеп Гвардиола за овој меч се одлучи да игра со дефанзивен пристап, а составот беше истиот како и претходниот натпревар.
„Се разбудив вчера и си кажав, ќе играат истите фудбалери.. Понекогаш дури и сам себе се изненадувам од одредени одлуки кои ги носам. Стареам, пријатели мои“, изјави Пеп со насмевка.
„Разочаран сум од резултатот. Одигравме одлично, иако зад нас е тежок и напорен период. Не е лесно да се игра во ваков ритам, сепак и противникот прикажа добра игра, па ремито можеби е реален и фер исход. Оваа екипа мора да созрева. Имаме многу нови фудбалери, меѓу кои и голманот . Никогаш досега не сме имале помлада екипа. Ќе одиме чекор по чекор“.