Македонија до 17 години со втор пораз од Кипар

by 24 фудбал
0 минути читање

Репрезентацијата на Македонија до 17 години, претрпе нов пораз против Кипар во пријателски натпревар.

Откако во вторникот беше 1-0 за противничката селекција, денеска Кипраните ја совладаа нашата селекција поубедливо со 3-0, на мечот одигран во Радовиш.

Кипар го отвори резултатот во 28. минута преку Христодулидес. Резултатот од 1-0 беше актуелен по првиот дел.
Во второто полувреме во 56. минута Герасиму зголеми на 2-0. Во судиското надополнување од натпреварот, Неофиту успеа да постигне и трет гол за Кипар, за конечен триумф на гостите од 0-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×