Дали револуционерниот потег на Луис Енрике наскоро ќе биде забранет?

by bojan
1 минути читање
Луис Енрике од трибина ги следеше првите 45 минути на ПСЖ против Аталанта

Луис Енрике е во фокусот на фудбалската јавност откако почна првото полувреме од натпреварите да го следи од трибини, потег кој може да донесе револуција, но и наскоро да биде забранет.

Тренерот на ПСЖ привлече големо внимание кога на натпреварот против Ленс наместо да стои покрај аут линијата, беше во новинарската ложа на „Паркот на принцовите“ и од таму го водеше својот тим.

Тој објасни дека оваа идеја ја добил од рагби натпреварите, смета дека тоа што мечот го следи од повисоко му дава појасна слика.

Слична беше ситуацијата и на синоќешниот натпревар на „светците“ против Аталанта во Лигата на шампиони, Луис Енрике беше на трибините во првите 45 минути.

„Го повторив истото од претходниот натпревар, бидејќи од високо, добивам многу информации кои можат да ги искористам на паузата. Од голема важност ми е да имам повеќе информации. Играчите се навикнуваат. Ралф, мојот асистент ќе биде покрај аут линијата и инструкциите што ќе им ги кажува на фудбалерите ќе бидат во согласност на тоа што јас ќе го видам од трибините“ – рече Луис Енрике.

Ваквата пракса на Луис Енрике почна да се коментира низ Европа, и како што пишуваат медиумите од Шпанија, кај нив ова е забрането, правилата јасно велат дека тренерот мора да биде долу на клупата, освен во специјални случаи, кога се дава дозвола да го водат тимот од трибини.

Поранешниот судија, Едуардо Итуралде Гонзалез, кој како стручен коментатор ги работеше натпреварите во Лигата на шампиони, очекува во скоро време да пристигне забрана за ваквата пракса.

„Мислам дека за брзо време ќе биде донесена забрана од страна на сите фудбалски организации, за да не почнат сите да го прават ова. На крајот од денот, местото на тренерот е долу на клупата“ – вели Итуралде Гонзалез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×