432
„Мирор“ тврди дека наредните три натпревари се клучни за судбината на Рубен Аморим, а клубот веќе ги разгледува опциите.
Јунајтед под водство на Аморим игра ужасно и не се гледа светлото од крајот на тунелот.
Во наредното коло на Олд Трафорд доаѓа Челси, но потоа има две навидум лесни задачи на гостински терен кај Брентфорд и дома против Сандерленд. Тие се трите следни натпревари на Манчестер јунајтед.
По нив следува репрезентативната пауза во која тимот може да добие нов тренер доколку не се подобри ситуацијата на овие три меча.
„Мирор“ извади пет имиња за можни наследници на Аморим, а тие се Оливер Гласнер, Марко Силва, Андони Ираоло, Маурисио Покетино и Герет Саутгејт.