Викендов од натпреварот на ПСЖ во Франција против Ленс во центарот на вниманието се најде тренерот на „светците“ Луис Енрике.
Имено, Енрике натпреварот на гигантот од Париз место да го следи од стандардната позиција покрај аут линијата, го следеше од новинарската ложа и беше во комуникација со своите соработници.
Идејата на искусниот стратег ја добил од тренерите во рагби натпреварите. Според него од новинарската ложа која е повисоко може да добие појасна слика за одредени детали кај неговиот состав.
„Долго време ги гледам тренерите на рагби како ги анализираат натпреварите од сосема поинаква перспектива. Ми се допаѓа можноста за подобрување на работите на овој начин. Сакав да го гледам првото полувреме од трибините и е одлично. Поинакво е. Можам да контролирам сè“, рече тренерот на ПСЖ.
Најави исто така дека планира ваквиот потег да го користи и во иднина.
„Тоа е интересна опција што ќе ја користам во иднина. После тоа, можете да одржите совршен говор на полувреме бидејќи јасно можете да видите кој играл добро на теренот. Имаме многу директни информации“, објасни шпанскиот стратег.
Следниот предизвик за ПСЖ е во Лигата на шампоните каде што утре ќе се соочи со италијанска Аталанта.